Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги повика сојузниците да ја „забрзаат“ поддршката за неговата земја, која беше нападната од Русија пред речиси една година, и нагласи дека „нема алтернатива за победата на Украина“.

Ни треба брзина. Брзина за склучување договори, брзина во испораките за зајакнување на нашата борба, брзина во одлуките за ограничување на рускиот потенцијал. Нема алтернатива за брзината, бидејќи животот зависи од тоа, рече тој во видеообраќањетона Конференција за безбедност во Минхен.

Зеленски додаде дека „нема алтернатива и за поразување на Украинците и за Украина во Европската унија и НАТО“.

Јасно е дека Украина нема да биде неговата последна фаза. Тој ќе ја продолжи својата офанзива кон другите земји од поранешниот советски блок, рече Зеленски зборувајќи за Путин.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.