Со нов Указ на украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за 90 дена е продолжена вонредната состојба и мобилизацијата во земјата, а важноста на одлуката е од 25 мај, јави Би-Би-Си.

Текстот на одлуката на Зеленски е испратен до украинскиот Парламент и мора да биде одобрен од најмалку половина од пратениците. Вонредна состојба во Украина беше воведена на 24 февруари, на денот кога Русија изврши инвазија врз земјата.

Првичниот рок од 30 дена досега е двапати продолжуван.

Првиот Указ на украинскиот претседател за мобилизација беше донесен на 90 дена и се однесуваше на сите региони во земјата.

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников, минатата недела изрази надеж дека ќе се вооружат милион борци, додека земјата се подготвува за „нова, долга фаза на војната”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.