Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање испрати порака до руските војници.

„За што се бори Русија? „Секој граѓанин на Русија знае – иако многумина не го признаваат тоа, тие сигурно знаат – дека Русија е таа што носи зло“, рече Зеленски.

Тој рече дека Украина му гарантира три работи на секој руски војник што ќе се предаде.

„Прво, ќе ве третираат цивилизирано, во согласност со сите конвенции. Второ, никој нема да ги знае околностите на вашето предавање, никој во Русија нема да знае дека вашето предавање било доброволно. И трето, ако се плашите да се вратите во Русија и не сакате размена, ќе најдеме начин и тоа да го обезбедиме“, рече Зеленски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.