Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на прес-конференција во Киев изјави дека „иднината на европската безбедност се решава сега, во Украина“, пренесоа француските медиуми.

Зборувајќи пред лидерите на Полска и Литванија, Зеленски кажа дека „ние сме едногласни во нашата проценка за злосторствата на Руската Федерација. Ова е уште еден чин на агресија против Украина, нејзиниот суверенитет, нашиот територијален интегритет“.

Зеленски притоа побара построг режим на санкции против Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.