Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека овогодинешната жетва би можела да биде за половина помала од вообичаеното поради руската инвазија на Украина.
„Украинската жетва годинава е под закана да биде преполовена“, напиша Зеленски на Твитер.
„Нашата главна цел е да спречиме глобална прехранбена криза предизвикана од руската инвазија. Сепак се наоѓаат начини житарките да се испорачаат алтернативно“, додаде тој.
Украина како клучен глобален снабдувач на жито се бори да ги достави своите производи до клиентите поради руската поморска блокада на украинските пристаништа на Црното Море.
Договорот потпишан на 22 јули под раководство на ОН и Турција предвидува безбеден премин за бродовите што превезуваат жито од три јужни украински пристаништа.
Говорејќи во едно од тие пристаништа во петокот, украинскиот министер за инфраструктура рече дека Украина е подготвена да започне со испорака на жито и се надева дека првите бродови ќе заминат до крајот на неделата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.