Украинскиот претседател Володимир Зеленски го разреши амбасадорот во Германија, Андриј Мелник, според декретот објавен од претседателскиот кабинет.
Претходно оваа недела, Билд пишуваше за фактот дека дипломатот може да биде лишен од функцијата, а потоа да биде назначен за заменик-шеф на украинското Министерство за надворешни работи, повикувајќи се на извори во Киев.
Оваа објава е резултат на бројните контроверзни изјави на Мелник, кои германските медиуми ги оценија како скандалозни.
Така, во интервју со новинар од Германија, каде глорификацијата на нацизмот е забрането со закон, Мелник го нарече нацистичкиот соучесник Степан Бандера „борец за слобода“. Тој ги објасни масакрите на украинските националисти врз Полјаците во Волинија и Галиција за време на Втората светска војна со фактот дека од другата страна „имаше многу убиства и злосторства“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.