Украинскиот претседател Володимир Зеленски го посети јужниот град Николаев за време на работната посета на регионот, соопшти претседателскиот кабинет, во кое не е прецизирано кога е извршена посетата, јави ДПА.

„Претседателот изврши увид во зградата на регионалната државна управа на Николаев, што беше уништена како резултат на ракетен напад на руските сили“, се вели во соопштението.

„Нашиот Николаев регион. На состанок за важни регионални прашања. Разговаравме за состојбата на економијата, обновувањето на водоснабдувањето, состојбата во земјоделството. Посебно внимание беше посветено на заканите од копно и море“, напиша Зеленски денеска во својот канал на Телеграм, каде што беше објавено и видео од средбата со шефот на регионалната воена администрација Виталиј Ким



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.