Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, им се обрати на руските војници во видео порака преку „Фејсбук“.

Тој ги повика руските војници да го положат оружјето и да дезертираат.

Оставете го оружјето. Оставете ја опремата. Заминете одовде. Не им верувајте на вашите команданти. Не верувајте им на вашите пропагандисти. Спасете ги своите животи“, рече Зеленски.

Тој се обрати и до Европската Унија и побара итен пристап на Украина во ЕУ.

Бараме од Европската Унија итно да ја прифати Украина во нејзиното членство според нова, специјална процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека тоа е можно“, рече украинскиот претседател.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.