Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека на ирскиот аеродром „Шенон“ имал импровизирана средба со неговиот колега од Судан, Абдел Фатах ал Бурхан, со кого разговарал за руските паравоени формации.
Разговаравме за заедничките безбедносни предизвици, особено за активностите на нелегалните вооружени групи финансирани од Русија“, напиша Зеленски во Телеграм.
Тој му се заблагодарува на Судан, земја во која има граѓанска војна, за неговата поддршка за територијалниот интегритет на Украина.
Руската приватна воена компанија „Вагнер“ дејствува во Украина од почетокот на војната. Западните дипломати и медиуми тврдат дека групата е активна и во Судан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.