Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека е подготвен да преговара за неутралност и ненуклеарен статус на земјата, но само со безбедносни гаранции.
Зеленски претходно порача дека нема да седне на маса доколку темата е „демилитаризација и денацификација“.
Договор со Русија е можен само ако руската армија се повлече – изјави украинскиот претседател.
Истовремено, Зеленски истакна дека сака да ги размени сите заробеници со Русија и дека веќе го предал списокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.