Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика швајцарската влада да ги замрзне банкарските сметки на сите руски олигарси.
Зеленски се обрати во живо со илјадници антивоени демонстранти во швајцарскиот град Берн, нагласувајќи дека нивните банки ги држат средствата на луѓето кои ја започнале војната.Зеленски и се заблагодари на Швајцарија за поддршката откако Русија ја започна инвазијата на Украина на 24 февруари, но и отворено зборуваше за швајцарскиот финансиски сектор.
„Вашите банки се место каде што се парите на луѓето кои ја започнаа оваа војна. Тоа боли. Замрзнувањето на нивните сметки е исто така борба против злото. Тоа би било и борба, можете да го направите тоа“, рече тој.
„Украинците чувствуваат како е да се уништуваат градови. Тие се уништени по наредба на луѓето кои живеат во европските, прекрасни швајцарски градови, кои уживаат во имотот во вашите градови. Би било навистина добро да им се одземена таа привилегија“.
Неутралната Швајцарија, која не е членка на Европската унија, целосно ги усвои европските санкции против руските граѓани и компании, вклучително и одлуката за замрзнување на нивното богатство во швајцарските банки.
Владата не објави колкав имот е покриен. Швајцарските банки држат до 213 милијарди долари руски средства, според проценките на швајцарската финансиска индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.