Во присуство на владејачката и неколку, но не и сите опозициски партии, претседателот на Украина Володимир Зеленски, денеска ќе има говор во грчкиот Парламент, преку видеоконференција, откако доби официјална покана од премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.
На специјалната седница во Парламентот, според најавите, присутни ќе бидат лидерите и пратениците од Нова демократија, СИРИЗА и Движење за промена, додека Комунистичката партија и десничарската Грчко решение соопштија дека ќе отсуствуваат, а веројатно е нивниот пример да го следи и МЕРА25.
Пред говорот на Зеленски, се очекува кусо да се обрати претседателот на Парламентот Константинос Тасулас, а обраќањето на украинскиот претседател се очекува да трае околу 15-20 минути.
Зеленски повод националниот празник на Грција на 25 март телефонски разговараше со грчкиот премиер, кој му упати покана, да се обрати во грчкиот Парламент преку видеоконференција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.