На украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да му биде дозволено обраќање на овогодишното издание на Изборот за песна на Евровизија, бидејќи Европската радиодифузна унија (ЕБУ) смета дека тоа би го политизирало настанот.
Организаторите го одбија барањето на Зеленски да се обрати јавно и да говори на последната вечер на европскиот музички натпревар утре. Се очекуваше тој преку видеопорака да го повика светот да ја продолжи својата поддршка за борбата на Украина против Русија. ЕБУ соопшти дека можноста за говор на Зеленски ќе ја поткопа „неполитичката природа“ на настанот и е „спротивно на правилата“ на „Евровизија“.
Основана 1956 година за да помогне во обединувањето на Стариот континент опустошен од Втората светска војна, „Евровизија“ се обидува да ги раздвои поп-културата и политиката. Во таа смисла, отворено политички текстови, говори, знаци и симболи се забранети.
И покрај тоа засега никој не реагираше на оваа провокација од албанските претставници:
Иако Украина лани победи на Евровизија, што значи дека требаше да биде домаќин на натпреварот, тој годинава се одржува во Ливерпул, Велика Британија. Изведувачи од 26 земји ќе се натпреваруваат во финалето во живо утре, во „Ливерпул арена“, а водителка е украинската пејачка Јулија Санина. На него како гости ќе настапат минатогодишниот победник на „Евросонг“ – „Калуша оркестар“ и други украински изведувачи, а сѐ тоа проследено со слики од Украина.
Веруваме дека ова е најдобриот начин да се одрази и да се прослави победата на Украина на Евровизија и да покажеме дека сме обединети од музиката во овие тешки времиња, соопшти ЕБУ.
Русија беше исклучена од натпреварувањето по воениот напад врз Украина во февруари 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.