Украинскиот претседател Владимир Зеленски повторно ноќта кон понеделникот го повика НАТО да воспостави зона на забрането летање над неговата земја, предупредувајќи дека во спротивно „руските ракети може да паѓаат“ по земјите членки на Алијансата.

„Доколку не го затворите нашето небо, само прашање на време е кога руските ракети ќе почнат да паѓаат на вашата територија, на територијата на НАТО“, порача Зеленски во видео-снимката објавен веднаш по полноќ.

Украинскиот претседател претходно повеќепати го повикуваше Западот да прогласи зона за забрана на летови над Украина, стратегија што ја употреби НАТО во Либија во уривањето на Моемер ел-Гадафи. Но и ретходно високи американски и европски функционери предупредија дека таквиот чекор е премногу опасен, бидејќи може да предизвика директен конфликт со Русија.

Американските функционери го отфрлаа редовоно ова барање од Киев, а американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави пред десет дена пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на државите членки на НАТО дека Алијанската е одбранбен сојуз кој не бара судир со Русија, но дека доколку дојде до неа е подготвен да ја брани секоја педа од својата територија. Украина не е членка на НАТО и покрај нејзините амбиции што е и директен повод за руската офанзива на нејзина територија, а Блинкен фактички тогаш уште еднаш децидно ја отфрли идејата за зона на забранети летови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.