Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на неговата земја и е потребно оружје, но и пари. Според Зеленски, на Украина за одбрана и се неопходни пет милијарди долари месечно.
На таквото барање на Зеленски, одговори генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој на вториот ден од самитот објави дека сојузниците од Алијансата се подготвени да ја поддржат Украина на долг рок и најави дополнителна воена поддршка за Киев. И германскиот канцелар, Олаф Шолц, исто така рече дека ќе продолжи да ја снабдува Украина со оружје како долго колку што е потребно.
Конкретна најава стигна од Велика Британија, која ќе обезбеди уште една милијарда фунти воена поддршка за Украина. Британската влада најави дека средствата ќе бидат насочени кон зајакнување на одбранбените капацитети на Украина, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, беспилотни летала, опрема за електронско војување и илјадници други парчиња опрема за украинските војници.
Најава за продолжување на воената помош дојде и од Шведска од каде најавија испраќање повеќе противтенковско и автоматско оружје во Украина.
Како што соопшти шведското Министерство за одбрана, пакетот оружје, кој вклучува и опрема за расчистување мини, е проценет на околу 49 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.