Зелената партија на градоначалникот предложи забрана за јавно достапни електрични тротинети од февруари 2023 година, кога истекува договорот со добавувачите.

Според нивните тврдења, електричните тротинети го затрупале градот, предизвикуваат несреќи со смртни последици, а корисниците дури ги фрлаат и во реката.

Одговорот на обвинувањата на градоначалникот доаѓа токму од главните добавувачи – Dott, TIER и Lime – кои имаат 15.000 електрични тротинети по градските улици.

За да докажат дека нивните превозни средства не се виновни за хаосот во градот, на градоначалникот му донеле докази дека електричните тротинети станале главен превоз во градот и дека се опремени со технологија која го спречува брзото возење и дека тие се паркираат на одредени места.

„Нашето истражување покажува дека повеќе од половина од Парижаните веќе користеле електричен тротинет, вклучително и огромното мнозинство од оние на возраст меѓу 18 и 34 години (82 проценти)“, вели во изјава за Euronews, Николас Горс, генерален директор на Dott во Франција.

„Само во септември 450.000 луѓе се возеле со нашите тротинети во Париз. Развиваме сензори кои ќе спречат две лица да користат ист тротинет во исто време, што е вообичаена глетка во Франција“.

Ја ограничивме брзината и ги спречивме возачите да возат побрзо од 20 или дури 10 km/h во области со многу пешаци, пред училишта или трговски центри. Што се однесува до фрлањето тротинети во река, тоа се ретки случаи, но вистината е дека еднаш месечно им плаќаме на нуркачите да ги најдат на дното на реката.

Заедно со другите оператори презентиравме амбициозни предлози. Градот Париз моментално ги испитува и за нив ќе се разговара на претстојниот состанок“ – заклучува Горсе.

Истражувањето на Harris Interactive нарачано од Dott, Tier и Lime претходно оваа година покажало дека доколку електричните тротинети се забранат во Париз, 35 отсто од нивните клиенти наместо тоа би користеле приватни автомобили или такси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.