Заврши тридневниот штрајк на машиновозачите низ цела Германија, но шефот на синдикатот ГДЛ предупреди дека железничкиот оператор Дојче Бан (Deutsche Bahn) треба да се подготви за повеќе индустриски активности што следуваат, пренесе ДПА.

По завршувањето на овие мерки за штрајк, ќе и дадеме на компанијата (Дојче Бан) малку време да се вразуми. Ако не го сторат тоа, ќе следува следната индустриска акција. Ќе биде подолга и уште потешко ќе ја погоди компанијата, изјави шефот на ГДЛ, Клаус Везелски, без да даде датум за нов штрајк.

Штрајкот во Дојче Бан заврши во 18 часот (1700 часот по Гринич). Индустриската акција што го зафати регионалниот оператор „Трансдев“ заврши во 12 часот, порано од очекуваното.

Дојче бан соопшти дека патниците треба да се подготват за одложувања и откажувања дури и по штрајкот.

Железничкиот оператор очекува работата да се нормализира до утре наутро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.