Многу подоцна од планираното денеска во Брисел заврши самитот на Европската Унија и Западен Балкан.

Средбата траеше речиси четири часа, а беше планирано да трае до два часа.

Прес-конференцијата по самитот, на која требаше да се обратат лидерите на Европската унија, беше откажана.

На заедничката прес-конференција треба да се обратат лидерите на Србија, Албанија и Македонија, Александар Вучиќ, Еди Рама и Димитар Ковачевски, но времето на нејзиниот почеток се уште не е потврдено.

Попладнево во Брисел почнува самитот на Европскиот совет, на кој учествуваат лидерите на ЕУ и шефовите на држави или влади на нејзините земји-членки. Пристигнувањето на учесниците беше најавено во 14.15 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.