Саудискиот министер за надворешни работи, принц Фејсал бин Фархан, пристигна во Техеран, што е уште еден чекор во обновувањето на дипломатските врски помеѓу двата блискоисточни ривали. Предвидено е Фејсал да се сретне со иранскиот колега Хосеин Амирабдолахиан и со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.
Фејсал ќе ја отвори и Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран.
Ријад и Техеран со посредство на Кина во март се договорија повторно да воспостават дипломатски односи и да отворат своите дипломатски претставништва. Со тоа беше ставен крај на седумгодишните тензии, што претставуваа ризик за регионалната безбедност, вклучително и Јемен, Сирија и Либан. Саудиска Арабија и Иран ги поддржуваат спротивставените страни во регионалните конфликти.
Иранската амбасада во Саудиска Арабија официјално продолжи со работа на 7 јуни. Кралството ги прекина односите со Иран во 2016 година, откако демонстрантите ја нападнаа Амбасадата на Саудиска Арабија во Техеран како одговор на егзекуцијата на истакнат шиитски свештеник во Ријад.
Од неодамна Иран се обидува да ги подобри заладените односи со неколку арапски земји од Персиски Залив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.