Виенската полиција ги засили вооружените полициски патроли низ градот, вклучувајќи ги и црквите, откако внатрешното разузнавање добило информации што укажуваат на можен исламистички напад.

„Колку долго ќе трае оваа зголемена заштита на локациите во моментов не може да се процени“, напиша полицијата на Твитер.

Оттаму нагласуваат дека доколку заканата се намали на одредена локација под итно ќе биде издадено ново соопштение за јавноста.

Полицијата ги предупреди граѓаните за зголемениот број на вооружени полициски патроли.

„Ќе забележите дека во моментов има поголем број полициски сили кои патролираат низ градот со специјална опрема. Причината е неспецифична закана против црквите. Ќе продолжиме да ве информираме“, додаде полицијата на Твитер.

Виенската полиција соопшти дека австриската внатрешна разузнавачка служба има информации дека во главниот град се планира напад со исламистичка заднина и дека во вакви случаи вообичаени се превентивните мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.