Шон Пинер и Ејден Аслин биле заробени во Украина, а на снимката објавена на руската телевизија го молат британскиот премиер Борис Џонсон да бидат разменети за заробениот украински политичар Виктор Медведчук, кој беше уапсен минатата недела.

Не е јасно колку заробените британски милитанти можеле слободно да зборуваат.

Семејството на заробениот Пинер побара тој да биде третиран како воен заробеник и да се почитува меѓународното право.

Денес Украина објави и снимка на која Медведчук бара од Москва да го размени за борците во Мариупол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.