Лидерите на земјите членки на НАТО заедно со партнерите од Шведска, Финска и ЕУ го почнаа вонредниот состанок посветен на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел.

Некои од лидерите се присутни физички бидејќи до доцна ноќва учествуваа на ЕУ самитот во Брисел, останатите се поврзуваат преку безбедна видео врска.

Триесетте лидери на НАТО земјите, како и на Шведска и Финска, и претставниците на ЕУ ќе разговараат за состојбата и подготвеноста на НАТО во источниот дел близу Украина.

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, ја отвори седницата порачувајќи дека војната во Украина е целосна одговорност на Русија и дека и покрај обидите на НАТО да се дојде до дипломатско решение, мирот во Европа е скршен.

Столтенберг ја повика Москва да стави крај на воените дејствија и изрази целосна солидарност со Украина и нејзиниот територијален интегритет и суверенитет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.