Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека Западот не успеал да го оттргне Минск од Русија и дека сега поради тоа крцка со забите“.

Постоеше желба на Западот овде да ја пресече и повлече црвената линија за Русија. Не успеаја. Тие сега одат наоколу и крцкаат со забите, рече Лукашенко во Минск на средбата со гувернерот на Пензенската област во Русија, Олег Мелниченко, пренесува „Танјуг“.

Лукашенко оцени дека Западот затоа воведува санкции кон Русија и Белорусија за Русија да не може да ги заобиколи, пренесува „РИА новости“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.