Дел од оружјето донирано од Западот за Украина било украдено во 2022 година, пред да биде доставено на фронто, објавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извештај на генералниот инспектор на Пентагон.

Според документот, во ова биле ангажирани „борци доброволци“ и трговци со оружје. На пример, се вели дека во јуни истата година, група луѓе кои се претставувале како хуманитарни работници украле панцири во вредност од 17.000 долари.

Потоа во август, борци од доброволните баталјони украле 60 пушки и 1.000 парчиња муниција, веројатно за препродажба на црниот пазар. Сите овие злосторства наводно биле „решени“ и наводно се е вратено.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.