Западните земји ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје.

Германскиот канцелар Олаф Шолц најави дека западните земји наредните денови ќе се договорат да воведат повеќе санкции кон Русија, откако Украина ги обвини руските војници за воени злосторства во близина на Киев, јави ДПА.

„Во следните неколку дена ќе договориме понатамошни мерки од страна на сојузниците“, изјави Шолц, без да даде детали што би можеле да вклучуваат новите санкции.

Тој рече дека рускиот претседател Владимир Путин и неговите поддржувачи ќе претрпат последици за своите постапки.

„А ние ќе продолжиме да ја снабдуваме Украина со оружје за да може да се брани од руската инвазија“, рече Шолц.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.