Во услови на зголемени геополитички тензии, нарачките на глобалните одбранбени компании растат“. Најголема финансиска корист од конфликтот во Украина имаат најголемите компании за производство оружје во САД и Велика Британија, чии приходи достигнаа рекордно ниво, се наведува во анализата на „Фајненшл тајмс“.
Анализата на 15 одбранбени компании, која ги вклучува не само најголемите американски производители, туку и британската „BAE Systems“, заедно со јужнокорејската „Hanwha Aerospace“, покажа дека заостанатите нарачки на првите петнаесет компании достигнаа 777 милијарди долари на крајот на 2022 година, пишува во американскиот весник.
Во првите шест месеци од 2023 година, пак, заостанатите нарачки достигнале 764 милијарди долари. Бројката продолжува да расте додека владите продолжуваат да даваат нарачки.
Јужнокорејскиот производител на оружје „Hanwha Aerospace“ забележал најзначаен раст на нарачките. Помеѓу 2020 и 2022 година, заостанатите нарачки се зголемиле од 2,4 милијарди долари на 15,2 милијарди долари – вклучително и како резултат на испораки поврзани со Украина.
Обемот на нарачки се зголемил и во германскиот концерн „Рајнметал“ – од 14,8 милијарди долари на 27,9 милијарди долари.
Според Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања, воените трошоци во Европа го покажуваат најостриот пораст од година во година во последните 30 години, бидејќи владите во регионот објавија нови нарачки за надополнување на националните резерви исцрпени од воената помош за Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.