Никој нема да биде измамен ако Русија го интензивира конфликтот во Украина под изговор дека Киев ќе употреби „валкана бомба“ на своја територија, порачаа министрите за надворешни работи на Франција, Велика Британија и САД.

Министрите на трите земји во заедничка изјава ги оценија како лажни изјави од Москва дека Украина се подготвува да употреби „валкана бомба“ на своја територија.

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу вчера имаше телефонски разговори со министрите за одбрана на Турција, Франција, Велика Британија и САД.

Шојгу им ја пренел на своите колеги својата загриженост „за можната провокација на Украина“ и „можната украинска употреба на „валкана бомба“ на нејзина територија со цел да ја обвини Русија за тој напад“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.