Новата италијанска премиерка Џорџа Мелони, во Рим имаше средба со францускиот претседател Емануел Макрон, кој е прв странски лидер со кој таа има официјални разговори.

Елисејската палата, пред средбата соопшти дека Макрон, кој е во посета на Рим, ќе има средба со новата премиерка на Италија. Средбата се одржа дискретно, далеку од камерите во центарот на Рим и траеше нешто повеќе од еден час.

За разлика од германскиот канцелар Олаф Шолц, американскиот претседател Џозеф Бајден и претставници на европските институции, Макрон не сакаше да се изјасни за изборот на Џора Мелони.

По разговорот со премиерката, Макрон на Твитер напиша дека ќе соработува со неа, додека пред таа порака на истата социјална мрежа упати порака со благодарност до сега веќе поранешниот премиер на Италија, Марио Драги.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.