Aмерикански медиуми, повикувајќи се на западни разузнавачи, објавуваат дека Русија набавила стотици беспилотни летала од Иран и дека тие би можеле да се користат во војната против Украина. Како што коментираат медиумите, таквите испораки се вршат и покрај предупредувањата на САД до Техеран да не ги испраќа дроновите.

Не е јасно дали Русија почнала да ги користи беспилотните летала против украински цели, но најверојатно тие се во состојба на готовност и подготвени за употреба.

Наводната испорака е уште еден знак за она што се чини дека е се поблиска воена соработка меѓу долгогодишните сојузници.

Како што коментираат медиумите, соочена со економски санкции и ограничувања на синџирите на снабдување поради војната во Украина, Русија се повеќе се свртува кон Иран како клучен партнер и снабдувач на оружје.

Минатиот месец Белата куќа првпат јавно предупреди дека Иран планира да и достави на Москва „стотици“ вооружени беспилотни летала. Неколку дена подоцна, Вашингтон наведе дека руските претставници двапати го посетиле Иран за да преговараат за трансферот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.