За прв пат од 1991 година, Минхенската безбедносна конференција ќе започне денеска без официјално учество на Русија, а една од главните теми ќе биде, покрај тензиите меѓу Москва и Киев, и ситуацијата на Западен Балкан.
Претседавачот на Минхенската безбедносна конференција, Волфганг Ишингер, кој на крајот на годинава се повлекува од оваа функција, оцени дека отсуството на делегацијата од Русија е грешка.
Меѓу бројните учесници на собирот, кој по паузата поради пандемијата повторно ќе се одржи „во живо“, се и потпретседателката на САД Камала Харис, министерот за надворешни работи на САД Ентони Блинкен и украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Конференцијата ќе ја отвори генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
На тридневниот собир ќе учествуваат околу 30 шефови на држави и влади, како и повеќе од 80 министри.
Според востановената традиција, конференцијата што се одржува во хотелот „Бајрисшер Хоф“ ќе се одржи со почитување на епидемиолошките мерки, а наместо вообичаените 2.000 учесници, годинава ќе присуствуваат 600 лица, кои мора да бидат вакцинирани и да направат ПЦР. тест секој ден.
Во фокусот на конференцијата ќе бидат украинскиот конфликт, нуклеарниот договор со Иран и ситуацијата на Западен Балкан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.