Заменик-командантот на националистичкиот батаљон „Азов“, Свјатослав Паламар, кој е дел од украинските сили скриени во индустрискиот комплекс „Азовстал“, вели дека руските сили „постојано“ вршат бомбардирање во фабриката за челик во Мариупол.
Не напаѓаат без престан. Тенкови, артилерија, воздушни напади на секои три до пет минути – вели Паламар.
Паламар наведува дека храната и водата во фабриката за челик се при крај.
Не можам со сигурност да ви кажам уште колку дена имаме залиха, но можам да ви кажам дека штедиме многу, и вода и храна и муниција. Ако се случи најлошото и останеме без храна, ќе ловиме птици. Подготвени сме на се – вели Паламар.
Тпј тврди дека не се точни информациите на руските сили дека се на работ од челичарниоцата и дека спроведуваат акција на чистење „чекор по чекор“.
Во моментов целиот погон е под наша контрола. Нашата одбрана е поставена по периметарот на челичарницата и се држиме – вели Паламар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.