Соединетите Американски Држави и нивните сојузници опасно балансираат на работ на директен вооружен конфликт со Русија, се вели во соопштението за печатот на портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.

Откако ја испровоцираа ескалацијата на украинската криза и започнаа жестока хибридна конфронтација со Русија, Вашингтон и неговите сојузници опасно балансираат на работ на отворена воена конфронтација со нашата земја, што значи – директен вооружен судир на нуклеарните сили. Очигледно е дека таков конфликт би понел ризик од нуклеарна ескалација – истакнува Захарова.

Таа, исто така, нагласи дека апсолутно неприфатливи се обидите „да се искриви за пропагандни цели логиката на задржување на која се засноваат официјалните руски коментари за нуклеарните прашања“ и да се претстави Русија како земја која се заканува со нуклеарно оружје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.