Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија официјално го напуштила Советот на Европа, бидејќи не сакала да биде „вреќа за удирање“.

Советот на Европа ни ги ограничи правата како членка на организацијата, тие едноставно го направија тоа. Никој нема намера да биде лишен од своите права, да плаќа средства, да не може да го брани својот став. Никој нема да биде вреќа за удирање, изјави таа за каналот „Соловјов Лајв“.

Захарова оцени дека земјите кои испорачуваат оружје на Украина, вклучувајќи го и планотот на Словачка, си создаваат проблеми.

Доколку се донесе таква одлука, не само во Словачка, туку и во другите земји, тогаш тие самите си создаваат проблеми. Тие создаваат директни проблеми со свои раце, ги искоментира Захарова наводите на медиумите дека Братислава наводно одлучила да му достави на Киев системи за противвоздушна одбрана од советско производство.

„Тоа важи и за регрутирањето платеници“, додаде Захарова.

Портпаролката напомена дека во моментов нема активен преговарачки процес меѓу Русија и САД.

Како што вели, Русија до последен момент го чекала Вашингтон на преговори во Европа, но американската страна не дошла.

Сега нема активен преговарачки процес, секако, како што гледате, нема. Имаме посебни контакти за поединечни проблеми кои се појавуваат. Дури ни за проблематични прашања, туку мали контакти се во прашање. Тоа е се, објасни таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.