Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска оцени дека режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој, како што рече, е предводен од Велика Британија, го саботирал договорот за жито за да ја додаде уцената со прехранбени производи на нуклеарната уцена.

Договорот за жито беше спречен од Зеленски и неговите терористи, предводени од британски шпиони, со цел да се додаде уцена со храна на нуклеарната уцена. Немаат доволно пари и оружје. Ним им треба повеќе смрт, рече Захарова коментирајќи ја изјавата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој рече дека Русија, со суспендирањето на учеството во договорот за жито, ја блокира храната за седум милиони луѓе, пренесе ТАСС.

Русија вчера објави дека го прекинува учеството во договорот за жито по вчерашниот напад во Севастопол врз воените бродови на Црноморската флота и врз трговските бродови кои беа ангажирани за обезбедување на коридорот за жито.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.