Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова прашува кој ќе им суди.

Во Европа има повици да им се суди на одговорните за воените злосторства извршени во Украина. Веќе се собрани докази.

„Повиците на Европската унија за мирно решавање на конфликтот се уште една форма на лицемерие“, изјави Захарова.

Според неа, во овие услови апсурдно и неморално е да се зборува за трибунали во Русија ќе одговара. Захарова истакна дека Москва ќе ги постигне сите цели на воената операција и дека залудни се сите обиди на Западот, кој политички, финансиски и воено целосно се вклучи во украинскиот конфликт.

Германија собрала докази за воени злосторства во Украина. Ова за германскиот весник „Велт ам Зонтаг“ го соопшти главниот обвинител на Сојузниот врховен суд, Петер Франк. Tие се фокусирани на Буча и нападите на цивилната инфраструктура.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.