Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, на својот телеграм-канал, одговори на коментарите на украинскиот претседател Володимир Зеленски за забавувањето на западните санкции против Русија.

Таа го цитираше Зеленски кој вчера се пожали дека темпото на европските санкции против Русија се забавува, а Русија сè побрзо се приспособува на ограничувањата. Потоа таа додаде:

Западна Европа паѓа во рецесија и одамна ја изгуби навиката за преживување. Европа тоне, а Украина ја влече на дното.

„Блумберг“ вчера објави дека еврозоната може да избегне рецесија по неочекуваниот раст на БДП на крајот на 2022 година, и покрај двоцифрената инфлација и руската инвазија на Украина. Евростат објави дека во последниот квартал од минатата година бруто-домашниот производ пораснал за 0,1 отсто, иако економистите процениле пад од 0,1 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.