Високиот комесар за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) Филипо Гранди денеска изјави дека е загрижен бидејќи, како што наведе, војната во Украина е заборавена.

Тој рече дека е важно, и покрај другите глобални кризи, да се потсети на меѓународната заедница дека Украинците „преживуваат брутална војна“.

Мислам дека голема разлика во однос на минатата година е тоа што оваа година војната во Украина не е новост во светот. Некако постои тренд на навикнување на украинското страдање, рече Гранди.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.