Основачот на поп групата, чија песна стана химна за време на антивоените протести во Русија починал на 34-годишна возраст.

Пејачот Дима Нова, чие вистинско име беше Дмитриј Свиргунов, ја основа популарната група „Крим Сода“, која во песната „Aqua Disco“ ја критикуваше палатата на рускиот претседател Владимир Путин која наводно вреди 1,3 милијарди долари.

Рускиот опозициски медиум „Медуза“ објави дека Свиргунов пропаднал низ мраз додека ја минувал реката Волга во регионот Јарослав.

Во моментот на несреќата тој бил во друштво со својот брат и уште двајца пријатели. Cream Soda во понеделникот на Инстаграм потврди дека Свиргунов починал.

Се случи трагедија. Нашиот Дима Нова се движеше по Волга во друштво на пријатели и падна низ мразот. Министерството за вонредни состојби се уште трага по неговиот брат Рома и пријател Гоша Киселев. Аристарх, нашиот пријател кој исто така падна низ мразот беше пронајден, но му немало спас. Веднаш штом ќе имаме информација од министерството за вонредни состојби, ќе ве информираме“, напишаа од групата.

Членовите на „Крим Сода“ станаа икони на антивоеното движење кога рускиот комичар Александар Гудков употреби една од нивните песни за да се потсмева на Путин, за наводна изградба на раскошна палата во близина на градот Геленџик на јужниот брег на Црното Море во Русија со помош на приходи од корупција.

Споменатата песна често се пееше на протестите во раните денови на руската воена операција на Украина, а протестите брзо станаа познати како „Aqua Disco Party“, пишува „Њузвик“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.