Амбасадорката на Италија во Австралија, Франческа Тардиоли (57) починала откако паднала од балкон во Фолињо, нејзиниот роден град каде отишла на одмор.
Според првите податоци, амбасадорката изгубила рамнотежа и паднала преку оградата на терасата, јавува ЦДС.
Полицијата која брзо пристигнала на местото на несреќата можела само да констатира смрт.
Тардиоли ја извршува функцијата италијански амбасадор во Австралија од 2019 година.
Таа претходно работела во италијанските амбасади и конзулати во Албанија, Саудиска Арабија и Либија, во НАТО и во италијанското Министерство за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.