Министерката за спорт во Владата на сојузната држава Викторија го откри својот миленик.

Новак Ѓоковиќ моментално е во притвор, полицијата го обезбедува на аеродромот во Мелбурн бидејќи визата не му е доволна за влез во сојузната држава Викторија. Иако лекарите му одобрија учество на Австралија опен, најдобриот тенисер на светот не може да стигне до Мелбурн, бидејќи во тоа го спречуваат локалните власти.

Меѓу луѓето кои ја донесоа контроверзната одлука е и министерката за спорт на локално ниво, Јала Пулфорд, жена која го шокираше тенискиот свет со изјавата дека се надева дека трофејот во Мелбурн ќе го освои Рафаел Надал.

За време на приклучувањето на вестите на каналот „7News“ од Мелбурн, еден од соговорниците ги наброја успесите на Новак и истакна дека освојувањето на 21. Грен слем ќе го направи рекордер во таа категорија. Тоа би било адут во дебатата за најдобрите на сите времиња, но Јала се надева дека тоа нема да се случи.

Па, се надевам дека Надал ќе го освои трофејот, рече таа во програмата во живо.

Погледнете ја реакцијата на Јала Пулфорд на самиот крај од видеото:

Ваквиот став на жена која може да забрани влез во сојузната држава е многу контроверзен бидејќи го фаворизира шпанскиот тенисер, односно може да му создаде проблеми на српскиот играч иако тој досега постапуваше според правилата.

Ѓоковиќ поднел барање за медицинско ослободување, кое му било одобрено, а сега се бори со цариниците кои го држат во притвор – го чува полиција и нема контакт со никого. Освен тоа, премиерот на Австралија не гледа благонаклонето кон него.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.