Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ за примена на посебни економски мерки во областа на надворешната економска активност како одговор на западните санкции, a со цел да се обезбеди безбедност на државата.

Во рамки на указот, Путин наредил забрана за извоз и увоз на производи и суровини од Русија, чиј список ќе го утврди Владата.

Владата има рок од два дена да го утврди списокот.

Мерките се воведуваат како одговор на западните санкции против Русија поради воената акција во Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.