Патниците во Шведска повеќе нема да мора да покажуваат негативен тест за Ковид-19 пред да влезат во земјата, соопшти владата.

Шведска на 28 декември минатата година воведе мерки против ширењето на омикрон варијантата на коронавирусот, согласно кои за влез во земјата беше неопходен негативен ПЦР тест. Оттогаш, Шведска постојано бележи нови рекордни дневни бројки на заразени со сега, целосно доминантниот сој, омикрон.

Веќе не се смета дека патниците претставуваат посебен ризик за ширење на омикрон во Шведсдка, се вели во соопштението на владата.

Шведска забележа повеќе од 20.000 нови инфекции во изминатите неколку дена, приближно двојно повеќе од рекордниот број во претходните бранови. Бројот на заразени го оптоварува здравствениот систем, но не во иста мера како пред воведувањето на вакцинацијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.