Австриските претприемачи се борат со недостигот на работна сила, а 83 отсто од нив сметаат дека недостигот на квалификувана работна сила е најголемата закана за опстанокот на компаниите, се вели во студија објавена во Виена.
Проблемот со недостиг на работна сила се влоши за време на пандемијата – вели Ерих Ленер од компанијата „EY Österreich“, која спровела истражување на повеќе од 600 австриски компании.
Студијата заклучува дека сите австриски сојузни држави се погодени од недостиг на работна сила.
Недостигот на работна сила го попречува закрепнувањето од економскиот пад за време на пандемијата – се вели во студијата.
Анкетираните претприемачи за студијата се жалат на тешкотии кога станува збор за наоѓање квалификувани работници. Само два отсто од анкетираните изјавиле дека „нема проблеми“ во пополнувањето на слободните работни места за квалификувани работници. Дури 83 отсто рекле дека се соочуваат со „големи тешкотии“ во пронаоѓањето на квалификувана работна сила.
Најтешко се наоѓаат квалификувани работници во туризмот, логистиката, градежништвото и енергетскиот сектор.
Со оглед на демографските трендови, обезбедувањето квалификувана работна сила е еден од најголемите предизвици во наредните децении, како за политиката така и за економијата и науката – вели Ленер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.