Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека било „страшно глупаво да се потцени руската армија“.

Русите сега, со сите проблеми и тешкотии што ги имаат, не покажуваат дека се соочуваат со тоа. Покажаа дека се пожилави отколку што сите очекуваа. Зборувам за економијата, а беше страшно глупаво да се потценува руската армија, бидејќи кој и да ја потцени, ние ја знаеме што има направено руската армија низ историјата“, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател додадека дека изјавата на неговиот руски колега, Владимир Путин, за промена на руската нуклеарна доктрина предизвикала големо внимание во ОН.

Според Вучиќ, главна тема во Њујорк е Блискиот Исток, додека Украина, според истражувањата, е деветта или десетта тема за американските граѓани, за што знаат и американските политичари.

Трамп го виде тоа истражување и затоа му беше дозволено да оди толку отворено против Зеленски“, додаде Вучиќ, истакнувајќи дека „кој и да победи на американските избори, нема да му дава поддршка на Киев како порано“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.