Вселенскиот патријарх Вартоломеј повика на итен прекин на војната во Украина.

Војната го поткопува човечкото достоинство и е провокативно кршење на Божјата заповед да се сака ближниот – порача Вартоломеј за време на велигденската честитка.

Оваа година, во ноќта кон Велигден во цела Украина беше во сила полициски час.

Украинските власти одлучија на многу места, на луѓето да им биде забрането да ги посетуваат храмовите на Велигденската ноќ поради наводна опасност од руски напади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.