Генералштабот на вооружените сили на Украина, соопшти дека Русија распоредила мобилни ракетни системи „Искандер“ на 60 километри од украинската граница.

Непријателот го зголеми бројот на војници во регионот на Белгород со префрлање и концентрирање на дополнителни единици.

Според достапните информации, лансерите „Искандер-М“ се наоѓаат на 60 километри од границата со Украина – соопштија украинските вооружени сили, без да се наведат повеќе детали за локацијата на системот.

Нема потврда или демант на овие извештаи од Москва, ниту можат да се проверат од независен извор.

Белгород е град и административен центар на руската област Белгород, северно од границата со Украина.

„Искандер“, мобилен балистички ракетен систем со кодно име „SS-26 Stone“, го замени советскиот проектил Скад. Неговите две наведувани ракети имаат дострел до 500 километри и можат да носат конвенционални или нуклеарни боеви глави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.