Израелските одбранбени сили утринава соопштија дека се подготвени за, како што ја нарекоа, „недела на операции“.

Војската соопшти дека од вчера попладне врз Израел биле истрелани повеќе од 160 ракети од Појасот Газа, пишува „тајмс оф Израел“.

Весникот нагласува дека во моментов нема преговори за прекин на насилството.

Израелската војска соопшти дека ракетниот одбранбен систем „Железна купола“ покажал 95 отсто успешност во пресретнување на проектилите истрелани врз израелските градови од терористичките групи од Појасот Газа.

Портпаролот на армијата Ран Кочав на брифинг со новинарите изјави дека околу 30 ракети, што биле истрелани, не стигнале до територијата на Израел и паднале во Појасот Газа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.