Десет лица, меѓу кои три мали деца, вчераутро загинале во пожар во куќа во руралните делови на источна Пенсилванија, соопшти државната полиција.

Британските медиуми пренесуваат дека пожарот избувнал околу 2:45 часот по полноќ во Нескопек, мала земјоделска заедница во округот Луцерн, крај реката Сускехана, во североисточниот дел на Пенсилванија.

Телата на сите 10 жртви се пронајдени во урнатините на куќата.

Меѓу загинатите има седум возрасни лица на возраст од 18 до 79 години, заедно со тројца малолетници – две момчиња на возраст од пет и шест години и едно седумгодишно девојче, соопшти локалната полиција.

Харолд Бејкер, пожарникар во доброволната противпожарна служба Нескопек, изјави за Асошиетед прес дека неговиот син, ќерка, снаа, три внуци и уште четворица роднини загинале.

Три возрасни лица ја напуштиле куќата неповредени, се додава во соопштението на полицијата.

Засега нема официјални детали за околностите или причините за пожарот, што ја уништил двокатницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.