Највисоките руски финансиери го предупредија претседателот Путин дека западните санкции ќе имаат катастрофални последици за економијата.

Светските агенции цитираа напис на „Фајненшл тајмс“ кој ја опишува средбата на шефот на државата со шефот на Сбербанк Херман Греф и директорката на Централната банка Елвира Набиулина.

Тезата на Греф беше дека санкциите ќе ја вратат Русија со децении наназад, а бруто домашниот производ може да падне за 30 проценти. Тие даваат апокалиптична слика – животниот стандард наеднаш ќе падне, ќе има постојан недостиг од технологија, храна и лекови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.