Врховниот суд на САД го одобри објавувањето на даночните пријави на поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред Комисијата за буџет и даночни прашања на Претставничкиот дом.
Пониските судови претходно заклучија дека конгресниот комитет има широки овластувања да добие увид во даночните документи на Трамп и ги отфрлија тврдењата на поранешниот американски претседател дека Конгресот ги пречекорува надлежностите.
Трамп претходно ги таквите заклучоци ги окарактеризира како политички мотивирана одлука.
Со денешната одлука на Врховниот суд се отфрла претходната одлука на претседавачот на тоа тело, Џон Робертс, кој на 1 ноември привремено го запре поднесувањето на даночните пријави на Трамп до Комисијата на американскиот Конгрес.
Комитетот за буџет и оданочување на Претставничкиот дом и неговиот претседател, демократот Ричард Нил од Масачусетс, за првпат побараа даночни документи на Трамп за 2019 година, како дел од истрагата за тоа дали поранешниот претседател ги почитувал даночните закони и програмата за ревизија на даночната служба „Ај-Ар-Ес“.
Трамп е првиот претседател во последните 40 години кој не ги објави своите даночни пријави, бидејќи се обидуваше да ги чува во тајност деталите за неговото богатство и активностите на неговата компанија за недвижнини „Организација Трамп“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.